Шкендија со деветмина фудбалери триумфираше над Работнички

Фудбалерите на тетовска Шкендија забележаа попладнево гостински триумф над Работнички во Скопје (4:2), постигнувајќи два гола во финишот на натпреварот со два играчи помалку во рамки на 11-то коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Гостинска победа оствари и Силекс над Брегалница во Штип (3:2), додека Академија Пандев ремизираше 1:1 на гостувањето во Прилеп против Победа.

Предноста на домашен терен единствено ја искористи Македонија ЃП во градската пресметка против Скопје 2:0.

Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре со дерби натпреварот меѓу актуелниот шампион Шкупи и лидерот Струга, по што следува десетдневна пауза поради пријателскиот натпревар на македонската репрезентација против Саудиска Арабија на гостински терен на 22 октомври.

Табела: Струга 25, Шкендија 19, Силекс 18, Тиквеш 16, Шкупи 15, Македонија ЃП 12, Брегалница 12, Работнички 11, Академија Пандев 8, Победа 8, Скопје 5.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.