Шкотска ќе премести трансродова жена силувач од женски затвор

Шкотските власти ќе преместат тренсродова жена осудена за силување од женски затвор откако јавноста изрази загриженост за безбедноста на другите затворенички, изјави во четвртокот шкотската премиерка Никола Старџен.

Претходно седмицава Исла Брајсон беше осудена за силување на две жени во 2016 и во 2019 година додека била маж по името Адам Греам. Брајсон првични е притворена во женскиот затвор Корнтон Вејл во централна Шкотска, пренесуваат локалните медиуми.

Случајот дојде неколку седмици откако шкотскиот парламент усвои ткн закон за самоидентификација отстранувајќи ја потребата за медицинска дијагноза на родовата дисфорија и спуштајќи ја минималната возраст за промена на родот од 18 на 16 години со што се олеснува промената на полот. Тоа предизвика жестоки критики од активистките за правата на жените, кои предупредуваат дека предаторските мажи тоа би можело да го користат за пристап до женските простории, како што се тоалетите.

Законот кој беше усвоен во декември ја направи Шкотска првата нација во Обединетото Кралство којашто го поддржува процесот на самоидентификација за промена на поло.

Британската влада во Лондон потоа објави дека ќе ја блокира законската измена, бидејќи би можела да има влијание на прашањето на еднаквоста во остатокот од Обединетото Кралство. Притоа се повикува на членот 35 од Законот за Шкотска од 1998 година, кој ѝ дозволува на британската влада да забрани стапување на сила на закон доколку Лондон смета дека ќе има штетен ефект во областа во којашто владата на кралството ја задржува крајната надлежност.

Премиерката Старцен британското блокирање на законот го нарече „потполн фронтален напад“ врз шкотскиот парламент.

„Имаќи ја предвид разбирливата загриженост на јавноста и парламентот во овој случај, можам да му потврдам на парламентот дека оваа затвореничка нема да биде во женскиот затвор во Корнтон Вејл“, соопшти Старџен во шкотскиот парламент.

Нејзиниот потег доаѓа откако активистите, политичарите и стручњаци од Обединетите народи за човекови права изразија загриженост поради тоа што Брајсон е сместена во женски затвор.

„Пред нацрт-законот воопшто да стапи на сила, силувачите веќе ги искористуваат важечките закони. Не би требало да ги олеснуваме нападите врз жените“, изјави челникот на шкотските конзервативци Даглас Рос.

Овој шкотски закон го продлабочи раздорот на Единбург со владата на британскиот премиер Риши Сунак во Лондон, веќе започнат поради судирот околу прашањето дали Шкотска може да спроведе уште еден референдум за своја независност од Обединетото Кралство.

Шкотскиот парламент може да носи сопствени закони, но Велика Британија може да стави вето на нив доколку процени дека се мешаат во прашања од надлежност на целата земја. Одлуката на Лондон да го блокира законот за рамноправност на половите е првпат кога е искористено тоа право.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.