Шкотска истакнува знамиња на ЕУ, но не и британски

Во текот на конфронтрациите околу прашањето за новиот референдум за независност, Шкотска ѝ испраќа порака на британската влада откако покрај шкотското го истакнува и знемето на Европската унија која постојано се поставени на зградите на покраинската влада, но не и знамето на Обединетото Кралство.

По завршувањето на процесот на брегзитот, Шкотска повеќе не е дел од Европската унија како дел од Велика Британија.

Регионалнта влада во Единбург во писмена изјава за германската новинска агенција DPA наведува дека знамето на ЕУ е поставено како одраз на мислењето на голем број Шкоти кои гласале за останување во Унијата, како знак на солидарноста со стотици илјади европски граѓани кои Шкотска и натаму ја нарекуваат својот дом.

Во писмената изјава се додава дека британското знаме ќе биде истакнува само на „посебни датуми и прилики“.

Шкотската премиерка Никола Старџен повика на втор референдум за независност од Обединетото Кралство.

Во 2014 година тенко мнозинство изгласа останување на Шкотска во Велика Британија. Во тоа време, меѓутоа, Велика Британија сѐ уште беше членка на Европската унија. Старџен тврди дека британското излегување од ЕУ сега ги променило условите.

Имено, референдумот за брегзит во јуни 2016 година, Шкотска, како и Северна Ирска, со големо мнозинство гласаше против излегувањето од ЕУ.

Владата во Лондон, пак, го отфрла новиот шкотски референдум за независност, меѓутоа анкети покажуваат дека повеќето Шкоти со месеци со наклонетост гледаат на независност од Велика Британија.