Шкотска: Нов тест на антитела на Ковид-19, резултатите готови за 35 минути

44
epa08303749 Brazilian scientists in the Immunology laboratory of the Heart Institute (Incor) of the Faculty of Medicine of the University of Sao Paulo, in Sao Paulo, Brazil, 17 March 2020 (issued 18 March 2020). Brazilian scientists develop a coronavirus vaccine with a different method than those used so far by the pharmaceutical industry and groups of researchers from other countries, who expect it to be tested on animals in the coming months. It is the current great challenge of the international scientific community and Brazil, as a power in Latin America, has joined this agonizing race to discover an effective immune response against the virus that has paralyzed half the world, although it has done so with a different approach. Meanwhile, Brazilians remain skeptical about the extent of this global pandemic in the country, where there are about 300 confirmed cases and at least one death from COVID-19. EPA-EFE/Sebastiao Moreira

Научници во Шкотска и Швајцарија развија нов, брз и прецизен тест на антитела на коронавирусот. Британската компанија „Којшнт“ (Quotient) соопшти дека секоја серолошка скрининг машина има капацитет до 3.000 тестови дневно и дава резултати за 35 минути со 99,8 отсто прецизност.

Со тој тест може да се утврди дали лицето е заразено со коронавирус и дали развило антитела на Ковид-19.

– Искрено сме горди бидејќи развивме толку брз и точен тест. Ова е извонреден резултат на нашите тимови во Единбург и во Швајцарија. Сега сакаме колку е можно побрзо да им помогнеме да многу луѓе, изјави генералниот директор на британската компанија, Франц Валт.

Компанијата потврди дека има на располагање 12 машини кои можат да обработат до 36.000 тестови дневно или 252.000 неделно. Се очекува до крајот на годината да бидат подготвени уште 20 машини.

Компанијата во петокот доби европско регулаторно одобрување за „MosaiQ“ серолошки машини за скрининг, за кои тврди дека имаат 100 отсто чувствителност и 99,8 проценти специфичност. Тоа значи дека постои мала веројатност за погрешно читање или „лажно позитивни“ резултати.

Портпарол на шкотската Влада изјави дека здравствениот систем на Шкотска, заедно со клучите партнери, ги истражува сите можности околу новите тестови на антитела.

– Шкотската Влада блиску соработува со властите во Лондон, со цел на сите да им обезбеди пристап до новите тестови на антитела откако ќе станат достапни. од суштинско значење е новите тестови да бидат сигурни и потребно е време да се изврши ригорозна проценка, истакна портпаролот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.