Шкотскиот суд пресуди: Суспендирањето на британскиот парламент e незаконскo

Шкотскиот суд денеска донесе одлука дека потегот на британскиот премиер Борис Џонсон да го суспендира парламентот е незаконски.

Судиите не наредија поништување на суспензијата, туку истакнаа дека за тоа прашање треба да решава Врховниот суд на Велика Британија.

Владата се спротивстави на пресудата на судот и соопшти дека ќе поднесе жалба.

Петнеделната суспензија на парламентот стапи на сила во вторникот.

Опозиционите законодавци остро се спротивставија на, како што го нарекоа, „државниот удар“ од страна на Џонсон, додека Велика Британија се соочува со краен рок на 31 октомври за напуштање на Европската унија.