Шкотските болници се речиси полни, вели премиерката Старџен

Болниците во Шкотска се „речиси целосно полни“, со пополнетост на кревети над 95 отсто минатата недела, соопшти шкотската премиерка Никола Старџен и нагласи дека службите се соочуваат со притисоци „без преседан“.

Потребата за болнички кревети е зголемена од „вонредните“ нивоа на зимски грип, зголемените стапки на инфекции со Ковид-19 и случаите на стрептокока А.

Старџен рече дека треба да се направи повеќе за да се спречи непотребното присуство во болница и да се забрза отпуштањето.

На посебен брифинг во шкотската влада, таа нагласи дека ова е „речиси сигурно најтешката зима досега за националната здравствена служба (НХС)“.

Според Старџен, пандемијата му нанела „значаен шок на системот“ и тоа, заедно со „вонредни нивоа на други болести“, создава невиден притисок.