Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Раководството на македонскиот фудбалски шампион Шкупи денес одлучи да ја прекине соработката со тренерот Гоце Седлоски. Ова е втор отказ за поранешниот македонски репрезентативец кој на тимот од Чаир минатата година му ја донесе титулата, прва по „ерата“ на Слога Југомагнат.

Седлоски еднаш беше отпуштен во есенскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, но набргу потоа беше вратен на тренерската позиција.

Информацијата за разделбата со Седлоски, Шкупи се очекува официјално да ја потврди попладнево.

Засега не е објавено кој ќе го наследи Седлоски на местото шеф на стручниот штаб на Шкупи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.