Шкупи подобар во дербито со Шкендија

Со двата гола на Марин Јурина во 68 и 85 минута, екипата на Шкупи ја совлада Шкендија со 2:0 во првиот меч од осмото коло на првата македонска фудбалска лига.

Јунаци за навивачите на Шкупи се двојниот стрелец, босанскиот интернационалец Јурина, и новиот тренер Ќатип Османи, кој дојде токму од Шкендија, па ова е негова своевидна одмазда кон клубот кој го водеше до неодамна.

Шкендија својата најдобра шанса ја имаше во 25 минута, кога Бесарт Ибраими не реализираше пенал. Во последните десетина минута, гостите останаа без Константин Чешмеџиев, кој доби црвен картон.

Со победата, Шкупи ја прескокна Шкендија и сега е третопласиран на табелата. Останатите мечеви од оваа прволигашка рунда се играат в недела.