Шлаканиците во Центар, заменети со боксови во Карпош

Шамарите во Центар се заменија со бокс во Карпош, коментира во средата жителот и активист од Трнодол, Кире Атанасов,  зборувајќи за вчерашниот По инцидентот што се случи на јавната презентација на деталниот урбанистички план за споменатата скопска неселба, за што тамошните жители негираат физички напад врз претставник на општината Карпош и обвинуваат дека всушност нивен сосед бил нападнат од непознати инфилтрирани лица, односно токму Атанасов.

Атанасов за радио МОФ вели дека на расправата бил во присутво како граѓанин засегнат од ДУП-от.

Вчера на јавната презентација за ДУП-от на Трнодол без повод и причина бев физички нападнат од лицето Саше Спасовски, за негови блиски познат по прекарите Саше Амстердам и Буљаш. За последиците од нападот поседувам лекарска документација, сведоци и Полициски записник од Полициската станица Карпош. Ме нападна бидејќи побарав да се искажам, и побарав да ни отстапат место лицата кои не се дирекно засегнати од новиот ДУП, вели жителот од Трнодол, потенцирајќи дека бил удрен директно во лицето, во јаболчницата под окото.

Од негова страна, тврди Атанасов, немало никаква реакција, а од Општината никој не е повреден и нападнат освен тој.

Не очекувавме дека со насилници ќе си имаме работа. Жалам што градоначалникот не беше присутен, и упорно во јавност ја искривува вистината, вели Атанасов.

Радио МОФ преку социјалните мрежи пробале да стапат во контакт со Саше Спасовски, за да се чуе и неговиот став за вчерашните случувања, но засега не успеа да добие одговор.

Од Министерството за внатрешни работи ден по инцидентот потврдија дека лице со иницијали К.А. било нападнато, но засега нема информации за идентитетот на приајвениот напаѓач.

На 17-ти декември пријавено е дека истиот дека околу 16,10 часот, при одржување на презентација на ДУП од Општина Карпош, лицето А.К. бил физички нападнат. На местото на настанот излезени се полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението на МВР.

Иницијативата на граѓани од Трнодол денеска со писмо-реакција се обрати до медиумите. Тврдат дека граѓани од Трнодол се обидувале да влезат во преполната сала за јавната расправа, каде имало само 36 седишта, а присуствувале преку 120 луѓе, од кои сметаат половината морале да бидат надвор, бидејќи немало немало место ни за стоење. ДУП-от го карактеризираат како криминален, од причина што сметаат дека заедно со регулацискиот план се прават врз основа на куп законски прекршоци.