„Шнобелови“ награди за истражување на гулаб-бомби и пливање на мртви пастрмки

Проектот од Втората светска војна за обука на гулаби да ракуваат со бомби ја доби овогодинешната Иг Нобелова награда за мир, хумористична верзија на Нобеловата награда, познати и како „Шнобел“ признанија за бизарни научни истражувања.

Наградите Иг Нобел ((ignoble: недостоен), кои годишно ги доделува научното хумористично списание Annals of Improbable Research, ги слават невообичаените области на истражување кои „ги тераат луѓето да се смеат, а потоа да размислуваат“.

Бурхус Фредерик Скинер, психолог од Универзитетот во Минесота во САД, доби постхумно признание за неговата работа на проектот Pigeon, со кој ги научил гулабите да наведуваат проектили со одреден успех. Проектот никогаш не започнал поради скептицизмот на американската војска и владините претставници.

Сепак, Скинер остана на своето истражување. Во резимето на истражувањето објавено во 1960 година, тој наведува дека тоа може да се нарече „луда идејам ако сакате“, но „тоа е идеја во која никогаш не сум изгубил верба“.

Наградата за анатомија отиде во рацете на тим научници од Франција кои сакале да истражат дали влакната на главите на повеќето луѓе на северната хемисфера се виткаат во иста насока како оние на јужната хемисфера, во насока на стрелките на часовникот или спротивно од стрелките на часовникот.

Авторот на студијата Консар Роман, професор по максилофацијална хирургија во болницата „Necker-Enfants Malades“ во Париз, заклучил дека „општо, виткањето во насока на стрелките на часовникот е значително почеста низ целиот свет“. Но, додава дека „виткањето спротивно од стрелките на часовникот сè уште се чини дека е поприсутно на јужната хемисфера“.

Наградата за хемија ја освои истражувачки тим кој користел лабораториска техника за да ги одвои пијаните и трезвените дождовни црви, додека американските научници Фордајс Ели и Вилијам Петерсен ја освоија наградата за биологија за експеримент кој вклучуваше контролирана експлозија на хартиена кеса покрај мачка поставена на грб на крава, со цел подобро да се разбере како и кога кравите лачат млеко. Откриле дека кравите привремено престануваат да произведуваат млеко кога се исплашени.

Меѓународен тим научници предводен од академици од Германија ја освои наградата за веројатност, експериментирајќи со фрлање на повеќе од 350.000 монети од 44 различни валути, за вкупно 650 часа. Тимот открил дека кога луѓето фрлаат паричка, таа се „ниша“ во воздухот и е поверојатно да слета на истата страна од која е фрлена.

Други почести вклучуваат награда за физиологија за откритието дека многу цицачи се способни да дишат преку анусот и наградата за физика за демонстрација на пливачките способности на мртвата пастрмка.

Наградата за демографија му припадна на Саул Џастин Њуман, виш научен соработник на Универзитетскиот колеџ во Лондон, кој открил дека некои од луѓето со најдолг живот доаѓаат од места со невешт водење евиденција.

Списанието Annals of Improbable Research редовно наведува дека наградите коишт се доделуваат првенствено треба да насмеат, а дури потоа да наведат на размислување. Вопоставена е во 1991 година од споменатото списание како пародија на Нобеловите награди. Од 1999 година, „Шнобеловската“ награда се доделува во десет области, дел од номинациите се совпаѓаат со нобеловите награди, а другите се утврдуваат секоја година посебно. На добитниците наградите вообичаени им ги врачуваат нобеловци од различни области во претодните години.