Шојгу: Мисијата на НАТО во Авганистан не успеа, сега има активно движење на ИД

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави во средата дека Русија забележува активно раздвижење на милитантите на ултрарадикалната сунитска џихадистичка групација Исламска држава (ИД) на територијата на Авганистан.

Шојгу изрази надеж дека ќе биде постигнат национален договор во Авганистан, но во исто време гледа активни единици на Исламската држава кои се движат од териториите на Сирија и Либија, јави агенцијата ТАСС.

Министерот Сергеј Шојгу ја коментираше и неуспешната мисија на САД и НАТО во Авганистан.

„Настаните во северните погранични области на земјата и масовноста покажуваат дека договорот меѓу САД и талибанците на Исламската држава (ИД) не се исполнува“, рече Шојгу.

Додаде дека посебна загриженост предизвикува фактот дека „Исламската држава и другите меѓународни терористички групи ги зајакнуваат своите позиции во Авганистан, што ја зголемува нивната закана да навлезат во соседните земји“.

„Затоа, мора да констатираме дека американската и НАТО мисијата во Авганистан не успеаја“, додаде Шојгу.