Шојгу: Русија создава независен систем на вооружување

© AP Photo/Pavel Golovkin

Русија не може да зависи од странските технологии за оружје, без оглед на тоа дали санкциите ќе бидат укинати или не, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојугу.

– Без оглед на тоа дали западните економски санкции ќе останат во сила, ние ќе продолжиме да создаваме технолошки независен систем на вооружување, рече тој, посочувајќи дека руската армија добила повеќе од 2.300 единици модернизирана воена опрема во последните месеци.

Шојгу изјави дека повеќе од 70 проценти од средствата од 1,5 трилиони рубљи (1 рубља = 0,014 евра) наменети во 2019 година за модернизација на армијата и морнарицата, се насочени на сериско купување на модерно оружје и опрема.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.