Шојбле: СИРИЗА погрешно ги наведуваше гласачите со ветувањата

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ја обвини грчката владејачка партија СИРИЗА дека погрешно ги наведувала гласачите со ветувањата дека земјата може да остане во еврозоната без да се соочи со драматични реформи, јави МИА.

Во интервју за неделникот „Виртшафтсвохе“, Шојбле вели дека тие ветувања не можат да влијаат на тензиите меѓу Атина и меѓународните кредитори за судбината на блокираните фондови за помош на Грција.
„Европа е создадена на взаемна доверба и затоа мора да се однесуваме внимателно, затоа и разговорите со Грција се толку досадни“ , вели германскиот минситер според кого на последните избори СИРИЗА успеа да ја натера Грција да поверува дека постои  поедноставен начин да остане во еврозоната – без да се соочи со значајни реформи кои што се првенствено интерес за земјата.
„Можеби СИРИЗА не требаше да дава  такви ветувања на изборите“, вели искусниот германски политичар  кој и покрај критиките за Атина и јавните препукувања со грчкиот минситер за финансии Варуфакис не се откажува од наоѓање начин Грција да остане во еврозоната откако ќе ги спроведе бараите реформи.