Шокантно: Шилегов благословил со свој потпис дури 13 тендери за уште еден спонзор на СДСМ

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов освен на „Семос“, фирма во која сопственички удел има сопругата на Бранко Црвенковски, и на „Брилијант“, фирма на спонзор на СДСМ, со свој потпис и одлука како прв човек на второстепената владина комисија за жалби по јавни набавки,  бизниси доделувал и на фирмата „Др. Пановски“, чиј сопственик исто така важи за долгогодишен спонзор и поддржувач на СДСМ.

Овој пат, според документацијата до која дојде Нетпрес, не станува збор за неколку јавни набавки, туку за цел организиран систем на точно 13 јавни набавки, за кои различни фирми се обжалувале за тендерските постапки, а со одлука на која стои потписот на Шилегов секогаш победувала веледрогеријата „Др. Пановски“. Да потсетиме дека вовглавно тоа е периодот кога Владо Димов е министер за здравство, кој пак беше осуден за даночно затајување и тоа е периодот кога дел од набавките во Министерството за здравство се набавувани во четири очи без тендерска постапка, а онаму каде таа била спроведена, од документите до кои стигнавме се гледа дека многу често победник е токму оваа фирма, која е блиска до СДСМ.

p1

Па така, на документите на кои стои потписот на Шилегов се гледа дека набавка на вакум епрувети – вакутајнери за период од една година за ЈЗО Клинички Центар – Скопје, жалбата на Битоек е одбиена и за најповолен понудувач е избрана „Др. Пановски“. Таков е случајот и со жалбата на фирмата „Реплек“ за набавка на автоматизиран анализатор за одредување на седиментација за еритроцити за ЈЗО Клинички центар – Скопје, која е одбиена и добитник е веледрогеријата „Др. Пановски“. Интересен факт е дека има случаи и кога „Др. Пановски“ поднесува жалби, а истите се прифатени што не е случај кога другите фирми се жалат а кога најповолен понудувач бил избран „Др. Пановски“. Па така, „Др. Пановски“ се жали за јавната набавка за медицински потрошен материјал – скалпели за потребите на јавните здравствени организации во Македонија, при што истата е уважена и претходно избраниот понудувач „Реплек“ се исфрла од игра.

p2

Во 13 случаи, до чија докуентација дојде Нетпрес, „Др. Пановски“ е избран за најповолен понудувач. Ова укажува и фрла сомнеж дека можеби станува збор за организиран систем на местење на тендери, во кој главниот збор го има токму Шилегов. Дека тој не е случаен човек покажуваат решенијата со негов потпис со кои јавните набавки како прв човек на второстепената комисија за јавни набавки во Владата на СДСМ, се доделуваат на фирми кои всушност се спонзори на СДСМ.

p3

Досега за сите овие случаи Петре Шилегов не даде конкретен одговор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.