Шолц ја предупреди Русија да не употребува хемиско оружје

Германскиот канцелар, Олаф Шолц денеска ја предупреди Русија да не употребува хемиско оружје во Украина.

-Ако Русија подготвува операција, оправдувајќи ја со лажни причини, со цел да користи хемиско и биолошко оружје во Украина, тоа би било кршење на сите правила, договори и конвенции, изјави Шолц по Самитот на НАТО во Брисел.

-Нашата грижа не е само да укажеме на ова, туку да дадеме јасно предупредување во разговорите што ги водиме: не го правете тоа, додаде Шолц, пренесе Ројтерс.