Шолц: Германија мора да биде подготвена на можна ескалација во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во вторникот на конференцијата во организација на весникот Sueddeutsche Zeitung во Берлин, дека Германија мора да биде подготвена на евентуална ескалација на ситуацијата во Украина.

„Имајќи го предвид развојот на војната и очигледните и растечките загуби на Русија, ние мораме да бидеме подготвени на тоа дека ситуацијата може да ескалира“, рече Шолц без да понуди докази на кои ги темели своите процени.

Според Шолц, ескалацијата би можело да се манифестира, во прв ред, во засиленото уништување на украинската инфраструктура.

Како поука од војната во Украина, германскиот канцелар се заложи и за прилагодување на германската воена индустрија во кризните ситуации.

„Индустријата во најкус рок мора да биде подготвена на испорака на муниција за системите коишто ги испорачала“, истакна Шолц и укажа дека Германија се труди да испорача доволно муниција за системите коишто ѝ ги испорачала на Украина.

Неговиот коментар следеше откако во саботата влијателниот дневен весник Der Spiegel објави дека германските самоодни хаубици од моделот „Panzerhaubitze PzH 2000“ не успеаваат да го издржат борбените дејствија во Украина, бидејќи официјален Берлин не обезбедил доволно резервни делови за одржување на системите во функција.

Ниту германската војска ниту нејзината индустрија за оружје не можеа да ги обезбедат потребните резервни делови за да ги поправат сите хаубици, беше наведено уште во прилогот со објаснување дека техничарите морале да разглобат една од нив за да ги поправат другите.

„Мораме да обезбедиме постојана поддршка коешто ни е поддршка во врска со испораките“, рече Шолц на конференцијата во организацијата на весникот Sueddeutsche Zeitung.

Германскиот канцелар, исто така, рече дека фондот за набавка на вооружувања од 100 милијарди евра, најавен набрзо по почетокот на војната во Украина, е резултат на „научената лекција“ за потребите за градење на воените резерви на германската војска.