Шолц најави нови санкции против Русија пред годишнината од почетокот на војната во Украина

Европската унија уште еднаш ќе ги заостри санкции чие воведување го започна во 2016 година кога руското мнозинство на црноморскиот полуостров Крим по превратот во 2014 година во Киев преку референдум реши да се врати во составот на Русија од која е отцепен во поранешниот СССР во 1950-те, во пресрет на годишнината од почетокот на руската инвазија во Украина, изјави во средата германскиот канцелар Олаф Шолц.

Со тоа, како што рече Шпол во обраќањето во Бундестагот, на рускиот претседател Владимир Путин ќе му биде испратена порака. Додаде дека ЕУ ќе ја поддржува Украина колку и да биде потребно во војната која започна на 24-ти февруари 2022 година.

„Путин нема да ги постигне своите цели, ниту на бојното поле, ниту преку диктиран мир“, тврдеше Шолц во говорот во долниот дом од германскиот парламент.

Агенцијата Reuters наведува дека во јануари од дипломатски извори дознала дека земјите членки на ЕУ работат на десеттиот пакет санкции кој би требало да биде околу годишнината од почетокот на војната во Украина. Засега нема назнаки кои сектори уште ќе бидат вклучени во новиот пакет антируски ограничувања, но јасно е дека во Брисел се прават пресметки колкави би биле повратните штети од нив врз поедини земји членки.

„Ја чуваме и јакнеме таа кохезија така што прво доверливо ги подготвуваме одлуките, а дури потоа ги соопштуваме“, го цитира Reuters Шолц според ракописот од неговиот говор, во кој германскиот канцелар се повика на својата соработка со американскиот претседател Џо Бајден на одлуката на Украина да ѝ бидат испорачани понапредни тешки офанзивни тенкови.

Шолц истовремено го критикуваше „јавното натпреварување меѓу некои земји“ околу тоа кој може повеќе да испорача повеќе и подобро оружје во Украина, велејќи дека тоа го „слабее единството на сојузниците“.

Освен војната во Украина, челниците на ЕУ би требало на својот посебен самит во четврток и петок во Брисел, исто така, да дискутираат за нелегалната миграција и економската ситуација во Унијата.

Шолц оцени дека ЕУ нема потреба да се крие од американскиот Закон за сузбивање на инфлацијата (IRA) кога станува збор за износот на субвенциите, но додаде дека европските челници треба да имаат детална анализа пред да се занимаваат со недостатоците во програмите.

Натпреварувањето со САД во поглед на субвенциите би бил погрешен одговор за ЕУ, смета Шолц, кој додаде дека Германија се обидува да ги продлабочи своите економски односи со САД.

„Разговорите за IRAкои се во тек се добра појдовна точка за тоа, барем доколку САД се откажат од правилата кои европските компании го ставаат во понеповолна позиција во споредба со компаниите од Канада и Мексико, на пример“, рече Шолц.

Германскиот канцелар ги повтори барањата на ЕУ за ист третман каков што го имаат американските трговски партнери чиешто производство во голема мерка е во голема мера вклучено во шемата на субвенциите.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ланскиот август донесе инвестициски план наречен Закон за намалување на инфлацијата (IRA) кој предвидува големи повластици за американските произведувачи. Според законот кој го поттикнува пристапот под мотото „купувај американско“, произведувачите на електрични автомобили имаат голема предност доколку произведуваат и купуваат делови за своите производи во САД.

Законот, меѓу другото, вклучува и проширување на даночните субвенции за купување електрични возила кои се склопуваат во Северна Америка и користат батерии произведени во САД од материјали од домашно суровини. Со него се издвојуваат 370 милијарди долари за вложувања во чиста енергија и справување со климатските промени, и 63 милијарди долари за намалување на цените на лекарствата и здравственото осигурување.

Во Брисел и во другите европски престолнини во последно време не го сокриваат своето незадоволство од американскиот IRA. Министри и дипломати од земјите членки на ЕУ го истакнуваа изминатиот период разочарувањето од начинот на кој администрацијата на американскиот претседател Бајден едноставно го игнорира влијанието на своите домашни економски политики врз економиите на европските сојузници. Во ЕУ овој потег го оценија како дискриминаторски кон истите производи увезени од други земји. и стравуваат од бегството на инвестициите и селењето на производството од Европа во Соединетите држави.

На пофлексибилните правила за државните поддршки особено инсистираат Германија и Франција, но многу земји не се согласуваат со тоа, стравувајќи дека тоа може да доведе до трка во субвенционирањето од што може да профитираат само богатите земји членки со големи фискални капацитети, а на штета на посиромашните. Минатиот месец Данска, Финска, Ирска, Холандија, Полска и Шведска објавија нон-пејпер во кој се противат на масовното субвенционирање на производството.