Шолц: Не е вистина дека Германија не ѝ испорачува оружје на Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно во средата ја бранеше политиката на Германија кон Украина и притоа ги отфрли обвинувањата за недоволната помош во вооружувањето на земјата која војува со Русија.

„Германија по почетокот на рускиот напад врз Украина ја промени својата доктрина и започна да ѝ испорачува оружје на Украина“, рече Шолц во разговорот со претставниците на странските медиуми акредитирани во Берлин.

Германскиот канцелар укажа на тоа дека Берлин испорачува противвоздушни ракети и противвоздушни тенкови од типот „Gepard“ кои би требало да служат за проввоздушната одбрана на украинската престолнина Киев и на стратешки важното големо црноморско пристаниште Одеса.

На темата за големата зависност на Германија од енергенсите од Русија, канцеларот Шолц рече дека неговата земја не е позависна од енергенсите повеќе од другите земја.

„Веднаш по доаѓањето на власт и пред рускиот напад врз Украина, започнавме со владата подготовки за осамостојување од руските енергенси“, рече Шолц.

Најави дека два терминала за течен природен гас (LNG), кои се дел од стратегијата за намалување на зависноста на Германија од рускиот гас, би требало да започнат да функционираат на почетокот од следната 2023 година.

Истовремено ги негираше написите во медиумите според коишто Германија би можела да се откаже од затворањето нуклеарните централи.

„Оние коишто се залагаат за такви нешто мора да бидат свесни за тоа дека повеќето штапини ураниум се увезува од Русија, што исто така е пат во нова зависност“, рече Олаф Шолц.

Според традицијата, германскиот канцелар годишно еднаш ексклузивно одговара на прашање на членовите на Здружението на странските медиуми (VAP) со седиште во Берлин.