Шолц: Не смееме да се залажуваме во однос на Кина

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во четвртокот дека западот не треба да се залажува во однос на Кина којашто најави мировен план за војната во Украина и изрази стравување дека долго ќе трае војнава во којашто Русија „нема и не смее да победи“.

„Не би смееле да се залажуваме во поглед на Кина којашто досега не зазема став против Русија“, изјави канцеларот Олаф Шолц во интервју за јавниот германски телевизиски канал ZDF.

Западот од почетокот на руската инвазија во Украина врши притисок врз Пекинг да се дистанцира од Москва, а неодамна Кина најави дека ќе претстави мировен договор за украинскиот конфликт со „почитување на интегритетот и суверенитетот“.

Изјавата на германскиот канцелар следи ден откако главниот кинески дипломат Ванг Ји ја посети Москва и вети продлабочување на соработката во бројни сфери со Русија. Пекинг и Русија објавија „партнерство без ограничувања“ непосредно пред почетокот на руската воена операција во Украина.

Претходно на Минхенската безбедносна конференција Ентони Блинкен изјави дека кинеските компании веќе ѝ помагаат на Русија и дека новите информации на САД наводно укажувале дека Кина би можела на Москва да ѝ испорача смртоносно оружје. Пекинг го негираше тоа, како и Русија која истакна дека нејзините арсенали ѝ се доволни.

Високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел го предупреди Пекинг дека евентуалната одлука да ѝ испорача оружје на Русија ќе биде „црвената линија“ за Унијата.

„Јасно го реков тоа во текот на последниот разговор со кинеските претставници дека тоа би биле неприфатливо“, тврди Шолц без да прецизира кога се одвивале тие разговори.

Ден пред годишнината од почетокот на руската воена интервенција во Украина, Шолц повтори дека „таа руска инвазија нема да успее и не смее да успее“.

Шолц оцени и дека „во моментов нема смисла“ да се зборува за испорака на борбени авиони според НАТО стандардите на Украина.

Во минатото критикуван поради одолговлекувањето со одлуките за испраќање оружје на Украина, каде што Германија во Втората светска војна имаше нацистички сојузници против тогашниот СССР, Шолц во ова интервју рече дека тешкотиите ја покажале „исправноста“ на неговите ставови за тоа да се договара со други земји.

Инаку владата на социјалдемократите на Шолц, зелените и либералите, со испораките на оружје ја напушти долгогодишната практика на Берлин, која се засноваше на мрачното нацистичко минато, да не испраќа оружје во зоните на конфликтот.

Претходно во февруари Германија се согласи да испорача и во договор со западните сојузници да се одобрат испораки на тенковите од германско производство на Украина која во една година од војната загубила според процените околу 2.500 тенкови. Меѓутоа, испораките одат бавно бидејќи се покажа дека земјите донатори имаат многу ограничени залихи функционални тенкови. Лондонски Time изминатиот викенд направи процени дека Киев до почетокот на април може да се надева на само 50-ина од 320-те ветени тенкови.

„Можеби тоа е показател зошто е толку важно да се координира со другите, на пример со САД, и да се носат одлуките внимателно за да може да дејствуваат“, оцени Шолц.

Предупреди дека „не би било разумно“ доколку Украина би ги користела вооружените системи испорачани од САД за напади врз цели на руска територија.

Германскиот канцелар изрази стравување дека конфликтот во Украина ќе прерасне во „долготрајна војна“, но порача дека Германија и Западот ќе го поддржуваат Киев „колку и да биде потребно“.

„(Рускиот претседател Владимир) Путин на крајот ќе мора да сфати дека цилите на неговата војна, а тој тие цели мораше неколкупати да ги намалува од почетокот на конфликтот, се недостижни“, тврди Шолц.

Во саботата Шолц ќе патува во Индија, којашто има огромни поволни договори со Русија за набавки на енергенси и оружје, од „у Делхи да бара помош за Украина и во интервјуто тврди дека воопшто не го обесхрабруваат знаците дела големите економии во подем „се двоумат да ја осудат руската агресија“.

„Само неколку држави се на руската страна“, тврдеше Шолцво интервјуто без оглед на тоа што речиси сите земји од Латинска Америка, Блискиот исток, Африка и Азија не се приклучија на западните санкции и одржуваат економска па и воена соработка со Русија.