Шолц: Нема безбедност на Европа без Русија

(Photo by Mikhail Klimentyev / Sputnik / AFP)

Германскиот канцелар Олаф Шолц по разговорите во Москва со рускиот претседател Владими Путин во вторникот го поздрави почетокот на повлекување на дел од руските единици од близна на границата со Украина, оценувајќи дека тоа е „добар сигнал“ и додавајќи дека долготрајната стабилност и безбедност во Европа може да се постигнат само со помош на Русија.

Во првиот сигнал на деескалација на тензиите меѓу Западот и Русија, руското министерство за одбрана во вторникот сабајлето објави дека според најавеното пред почетокот на воените вежбни, ги повлекува своите трупи од границата со Украина во нивните постојани бази, како и единциите кои ги завршиле маневрите во сосед Белорусија. Западните земји, во прв ред САД и Велика Британија ја обвинија Русија дека ги позиционирала својата војска за навдна инвазија врз Украина, што Москва постојано го отфрла.

Зборувајќи на заедничката прес-конференција со Путин во Кремљ по тричасовните разговори, Шолц рече дека Русија е клучниот играч за одржувањето на бвезбедноста и стабилноста во Европа, како и дека мора да остане партнер во оваа сфера.

„За Европејците јасно е дека долготрајната безбедност не може да биде постигната против Русија, туку само со неа“, истакна германскиот канцелар.

„Дипломатските активности сѐ уште воопшто не се исцрпени. Добар сигнал е кога слушаме дека дел од војниците се вратиле, се надеваме дека ќе бидат уште. Колку и да се чини тешка и сериозна моменталната ситуација, одбивам да кажам дека нема надеж“, изјави Шолц додавајќи дека е можно да се „изнајде решение“.

Кога станува збор за гасоводот Северен тек 2, чии најголеми противници се САД и Украина, Шолц рече дека Германија е доследна на осигурувањето гасот и натаму да се транспортира преку транзитниот украинска мрежа, додека се очекува конечната одлука на германскиот гасовод за ставање во функција на веќе целосно подготвениот гасовод.

„Германнија е доследна на продолжувањето на транзитот на гасот низ Украина, Белорусија, Полска и постојниот Северен тек, согласно договорите коишто постојат“, истакна Шолц.

Германскиот канцелар повтори дека неговата цел е избегнување на секаков судир во Украина, но забележа дека во тој случај би имало последици, веројатно алудирајќи на санкциите со кои се закануваат САД и ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.