Шолц од Софијa: Македонија мора да има сигурна европска перспектива

Силно го поддржувам почетокот на преговорите со Република Северна Македонија и Албанија, повтори германскиот канцелар, Олаф Шолф, во Софија, каде замина по неколкучасовната официјална посета на Скопје утрово.

Шолц во Софија истакна дека Германија разбира дека не е лесно да се надминат историските проблеми, но порача дека преговорите мора да продолжат до крајот на француското претседателство.

„Носиме одговорност за стабилноста на Балканот. Наша задача е да не ги уриваме надежите“ порача канцеларот.

Според Шолц, Северна Македонија треба да има сигурна европска перспектива, но и треба да ги исполни сите услови.

„РСМ и Бугарија веќе се подготвени да тргнат по овој пат. Постои големо општо разбирање за тоа како треба да функционираат работите. Проблемот е како да стигнете таму. Важно е да разговараме и да вложиме енергија во справувањето со овие прашања. Никогаш не се знае каков ќе биде исходот. Но, бидејќи сите парламенти и шефови на влади знаат дека носат одговорност, верувам дека ќе постигнеме напредок“ порача Шолц.

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, потврди дека тема на разговор со канцеларот било и македонското прашање.

„Се разговараше и за темата РСМ. Ние се договоривме дека двете влади ќе продолжат со работа, а бугарската влада јасно го кажа ставот на Бугарија за условите што мора да се случат за да се оди напред“ рече Петков