Шолц за набавката на вакцините: Toa што се случува во Брисел е свињарија

Германскиот вицеканцелар Олаф Шолц, користејќи пцости, ја критикуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за процесот на набавка на вакцини против коронавирусот.

На седницата на владата, според „Билд“, Шолц оценил дека „набавката на вакцини е посрано спроведена“. Тој рекол дека лично нема желба „ваквите срања“ да се повторат во процесот на вакцинација во Германија. Во врска со ова, Шолц јасно ја споменал Фон Дер Лајен и ја обвинил за неуспехот да се набават вакцини.

– Toa што се случува во Брисел, она што го направија Европската комисија и Фон Дер Лајен е вистинска свињарија – налутено нагласил германскиот вицеканцелар.

Според „Билд“, канцеларката Ангела Меркел му дозволила на Шолц да пцуе, но кога се спомнало името Фон дер Лајен, таа го запрела испадот на гнев на вицеканцеларот.

Како што пишува весникот, од круговите на владејачката ЦДУ, Меркел е единствената политичарка која сè уште ја брани Фон дер Лајен.

Весникот наведува дека „Фон дер Лајен веќе неколку дена бара партиски колеги во Брисел и во Берлин, кои ќе застанат покрај неа по неуспешниот процес на набавка на вакцината и кои ќе ѝ пружат јавна поддршка“.