Шолц загрижен поради „ренесансата на фосилните горива“

July 18, 2022. (AP Photo/Markus Schreiber)

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази во понеделникот загриженост поради „глобалната ренесанса на фосилната енергија“ којашто е според него и неговите сојузници на Западот е последица од недостигот на енергенсите предизвикано од руската офанзива во Украина а не од западните антируски санкции.

Зборувајќи на Петерсберскиот климатски дијалог во Берлин, Шолц реле дека „никој не може да биде среќен поради фактот дек асе зголемува делот на електричната енергија добиена од јагленот, и кај нас исто така“.

Германската влада неодамна го одобри засиленото функционирање на термоцентралите на јаглен, поради драстичното намалување на испораките на природен гас од Русија, во моментов од технички причини, од кој инаку Берлин и Европската унија сакаат да се ослободат.

„Во врска со оваа ситуација мора да бидеме сосема јасни: тоа е строго ограничена привремена мерка којашто нема да оди на штета на нашите климатски цели“, рече Шолц.

Германскиот канцелар додаде дека тоа се однесува и на инвестициите во гасната инфраструктура, како што се новите терминали за течен природен гас (LNG) кои Германија ги гради за да ја намали зависноста од рускиот гас.

„Тоа мора да биде во согласност со целта да станеме климатски неутрални, и Германија и светот… Најконкретно, тоа значи дека не создаваме нова долгорочна зависност од фосилните горива, ниту кај нас, ниту во земјите произведувачи“, изјави Шолц користејќи го речникот на неолибералната ткн „зелена агенда“.

Петерсбергскиот климатски дијалог се означува како „клучен“ за успех на конференцијата за климатските промени на Обединетите нации 2022-ра, позната како COP27, која во ноември ќе се одржи во египетското одморалиште Шарм ел-Шејк.

Шолц на подготвителната конференција во Берлин, која заеднички ја организираат Германија и Египет, е домаќин на претставници на 40 земји.