Шоле од Скопје ја започнува посетата на западен Балкан

Високиот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, ја започнува во средата тридневната посета на западен Балкан, со посетата на Скопје, каде ќе разговара со владини претставници за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

Потоа, Шоле ќе отпатува за Приштина, каде што ќе разговара за напорите на САД да помогнат во унапредувањето на евроатлантската интеграција „преку дијалог со поддршка на ЕУ за да се постигне сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, фокусирана на взаемно признавање“, соопшти Стејт департментот.

Шоле утре ќе престојува во Белград, каде со српското раководство ќе разговара за енергетската безбедност, регионалната економска интеграција и напредокот кон целта на Србија за пристапување во ЕУ.