Шпанците излeгоа на прошетка по 50 дена и 25.000 починати

77
Плажата Плаја де ла Конча во Сан Себастијан, во утринските часови во саботата 2-ри мај 2020-та, по 50-те дена карантин

По 50 дена животот се врати на улиците на Шпанија, бидејќи владата му дозволи на населениетo излегување од домовите на еден час за индивидуално да се занимаваат со спорт или да шетаат, па илјадници луѓе на кои им недостигаше свежиот воздух излегоа во саботата со маски на лицата незаборавајќи дека коронавирусот сѐ уште е закана.

Владата ги подели 47-те милиони граѓани во три генерациски групи, и го одреди распоредот кога смеат да излегуваат од домовите. Излегувањето е дозволено од 6 часот наутро, а до 10 часот младите мораа да се вратат дома, а на улиците излегоа лицата постари од 70 години. Тие шетаа по сончевиот ден до пладне кога мораа да се враат дома. Потоа дојде ред на децата до 14 години кои може да бидат надвор еден час во придружба на родители а во периодот до 19 часот.

Владата, која го држеше населението затворено од 14-ти март, се одлучи на овој чекор откако епидемијата забави. Последните седмици дневно заболуваше по 1 отсто од вкупното население, а минатата седмица таа стапка го достигна своето најниско ниво од 0.24 отсто. Шпанија, меѓутоа, и натаму е земја со најмногу заболени во Европа, односно 216.582 лица.

Но кон средината на денот во исто време на улиците се сретнаа лицата кои заминуваат дома, пензионерите кои излегоа и оние лица кои обично во текот на викендот купуваат храна за своите семејства за цела седмица. Пред продавниците во Мадрид се создаваа редови, а пред еден супермаркет пред меѓуградската автобуска станица Диего де Леон во ред стоеле десетици луѓе.

Полицијата го повика населението да се придржува до распоредот за излегување, свесна дека тешко ќе може да проверува толкав број минувачи. Полициските патролни возила од утрото минуваат по улиците подготвени на зголем број прекршувања на мерките и криминални дела. Засега е пријавен еден инцидент кога е уапсено лице пред експозитура на банка во центарот на Мадрид, кое ограбило брачна двојка.

И натаму се отворени само продавниците со храна, банките, киосците и бензиските црпки. Покрај тоа, на сила е уште дозволата за шетање на сопствениците на кучиња, една од ретките дозволени активности откако беше прогласена вонредна состојба пред 50 дена. На балконите се истакнати шпански знамиња со црна лента како почест за починатите во епидемијата.

Во саботата починаа во Шпанија 276 лица, па вкупниот број жртви на коронавирусот достигна 25.100 луѓе. Повеќе починати имаат само САД, Италија и сега Велија Британија. Истовремено лекарите и медицинските сестри ја продолжуваат борбата во билниците за спасување на животите. Излечени се 117.250 пациенти од 216.582 заразени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.