Шпанците се „слаби“ патриоти зашто не ја пееле химната или поранешниот советник на Заев сака нешто да најави?!

Универзитетскиот професор Рубин Земон, пратеник од владејачкото мнозинство и поранешен посебен советник за развој на мултикултурно општество на премиерот Зоран Заев, инаку лидер на партијата на Египќаните во Македониа – ПОЕН, со објава на социјалните мрежи отвори дилема во јавноста.

Првично со коментарот „Чудно, ниту еден шпански фудбалер не е пееше химна! Излгеда слаби патриоти“, Земон се чини дека крајно го девалвира својот титулар „универзитетски професор“ искажувајќи тотално незнање, имено дека шпанската национална химна нема текст. Такви се имено и свечените мелодии на Босна и Херцеговина, Косово и Сан Марино.

Но откако корисниците на социјалната мрежа му укажаа на Земон дека химната на Шпанија нема текст,  на еден од коментарите одговори „Мислам дека и нашата треба да е таква, за да нема ‘љутиш’. Не сум некој полититичар, но имам некое претчуство дека така ќе биди во ‘блиска’ иднина“.

Прашањето што по тоа се наметнува е дали оваа забелешка на „професорот“ во коалиција со СДСМ е само „вадење“ од покажаното незнаење и покрај академската титула и активното занимавање со политика или, пак, станува збор навестување на планови на владејачкото мнозиство кое инсистира на што поскори уставни промени.

А притоа, не е толку суштествено вметнувањето на дузина етнички заедници во Преамбулата на македонскиот Устав, во прв ред Бугарите според инсистирањето на Софија за деблокирање на евроинтеграциите, туку бришењето на одредбата за јазиците што ги зборува 20 отсто од населението во земјата, на што инсистираат партиите на Албанците во Македонија во согласност со нивните интенции започнати со востоличувањето на Зоран Заев на премиерската позиција пред пет години – за воведување на албанскиот јазик како втор службен на целата територија на земјата.