Шпанија го мина прагот од 50.000 починати од Covid-19

Шпанија во понеделникот го мина прагот од 50.000 смртни исходи како последица на компликации предизвикани од зараза со коронавирусот, додека бројот на коронаинфекциите на 100.000 жители падна првпат по речиси три седмици, покаживаа податоците на тамошното министерство за здравство.

Од четвртокот до понеленикот се потврдени 24.462 нови случаи на заразата. Од почетокот на пандемијата, Шпанија досега забележа речиси 1,88 милиони зарази. Во истиот неколкудневен период починале 298 лица, или вкупно 50.122, полажаа првите податоци по печетокот на вакцинирањето против коронавирусот.

Стапката на заразата на 100.000 жители во изминатите две седмици паднала од 263 на 246 во четвртокот. Од 10-ти декември и стпаката на зараза од 189 случаи, оваа бројка континуирано растеше.

Шефот на службата за итна помош, Фернандо Симон, изјави на пре-конференција во понеделникот вечерта дека бројките покажуваат „стабилизација“ на заразата и намалување на бројот на починатите.

Сепак, Симон предупреди дека подаоците би можело да бидат ревидирани следните денови, бидејќи божикните празници веријатно имале влијание врз податоците со коишто располагаат регионалните власти.