Шпанија го надмина бројот на заразени во Италија од коронавирусот

Шпанското Министерство за здравство соопшти дека во земјата се регистрирани нови 7.000 заразени лица со Ковид-19.

Вкупниот број на инфицирани со новиот коронавирус во Шпанија веќе изнесува 124.736, наспроти Италија која во овој момент има 119.827 заболени лица. Бројот на смртни случаи во Шпанија достигна 11.744, соопшти Институтот „Џон Хопкинс“.

Засега бројот на починати во Италија е 14.681 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.