Шпанија го потврди првиот случај на зараза со коронавирусот

Правата инфекција со новиот сој на коронавирус кој се појави во Кина, е потврдена во Шпанија, објави во петокот вечерта тамошното министерство за здравство.

Присуството на вирусот е потврдено кај еден од петте германски туристи кои биле ставени во карантин во клиниката на островот Хомера, на Канарските острови, и чии наоди биле испратени во Институтот „Карлост Трети“ во Мадрид. Еден од наодите дал позитивен резултат, се наведува во соопштението на министерството за здравство. Пациентот е изолиран, се додава.

Претходно беше објавено дека двајца од петте германски туристи биле во контакт со маж кај кој во Германија бил откриен коронавирусот. Германските колеги ги предупредиле шпанските здравствени власти, по што туристите биле ставени во карантин.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави дека појавата на новиот коронавирус е состојба од меѓународно значење.

Во Кина, во чијашто централна покраина Хубеи се јави епидемијата од пневмонија предизвикана од коронавирусот, веќе се регистрирани 213 жртви, а околу 9.700 лица се заразени. Уште околи 100 луѓе се заболени надвор од Кина, речиси во 20 земји во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.