Шпанија го преполови рекордниот број смртни исходи од коронавирусот

272

Во последното деноноќие како последици од зараза со новиот тип коронавирус во Шпанија починале 435 лица, што е повеќе од двојно помалку од антирекордот од 950 смртни исходи забележан на 1-ви април, соопшти во средата шпанското министерство за здравство.

Според најновите податоци, во Шпанија се регистрирани најмалку 208.389 случаи на зараза со коронавирусот, со што оваа земја е втората во светот според овој показател од почетокот на памдемијата.

Во последните 24 часа бројот на инфицираните се зголемил за 4.211 лица, забележани се 435 смртни исходи од заволувањето Covid-19, а закрепнал 3.401 човак.

Со тоа, како што соопшти министерството за здравство, од почетокот на избуванувањето на епидемијата во Шпанија, до средата починале 21.717 лица, а 85.915 пациенти оздравеле.

Првиот случја на зараза со коронавирусот во земјата беше потврден на 31-ви јануари, а бројот инфицирани остро се зголемуваше по избувнувањето на епидемијата во Италија. Од средината на март во Шпанија на сила е режимот на вонредна состојба поради ширењето на вирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.