Шпанија го враќа бесплатното вештачко оплодување за немажените и лезбејките, го проширува на трансродовите

Левичарската шпанска влада во средата, по периодот на ограничување, повторно овозможи бесплатен пристап до медицинско потпомогнатото оплодување за немажените жени и за лезбејките, а го прошири и на трансродовите лица.

Ваквиот пристап до медиицнско потпомогнатото оплодување преку системот на јавното здравство кој го одобри социјалистичката влада на премеирот Хозе Луис Родригез Запатеро кој владееше во периодот од 2004 до 2011 година, беше ограничен во 2014 година, од страна на владата на конзервативната десничарска Народна партија.

Од тогаш медицински потпомогнатото оплодување беше бесплатно само за хетеросексуалните двојки кои имаат здравствени или проблеми со плодноста. Жените кои не можеле да зачнат без вештачкото оплодување, немажените и лезбејките, мораа да се свртат кон приватниот здравствен сектор.

Владата на Социјалистичката партија (PSOE) на премиерот Педро Санчез изрази подготвеност да го врати ова право веднаш откако се врати на власт во 2018 година.

Со владината извршна уредба „владата на немажените жени, лезбејките и неплодните повторни им овозможи пристап до медицински потпомогнатото оплофување кон системот на јавнот здравство“, соопшти во средата шпанското министерство за здравство. Додаде дека е донесена и одлука „да го прошири на транссексуалните лица кои можат да зачнат“.

Мерката којашто стапи на сила во средата ќе опфати околу 8.500 жени во Шпанија, наведува министерството, истакнувајќи дека станува збор за „важен чекор“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.