Шпанија и Франција со најмногу дневни коронаинфекции од почетокот на пандемијата

Шпанија и Франција потврдија во понеделникот по повеќе од 50.000 дневни нои зарази со коронавирусот секоја, што се најголемите показатели од почетокот на пандемијата.

Шпанија во последните 24 часа потврдила рекордни 55.019 случаи на коронавирусот, речиси двојно повеќе од петокто, покажуваат податоците кои ги објави во понеделникот министерството за здравство.

Вкупно во Шпанија се потвдени 1.240.697 заразени од избувнувањето на епидемијата во земјата пред седум месеци, но левичарскиот премиер Педро Санчез изјави дека вистинската бројка веројатно е поголема од три милиона.

Во Шпанија како последица од компликациите кои ги предизвикува коронавирусот починеле во последното деноноќие уште 379 лица, па вкупниот број смртни исходи се искачи на 36.257. Бројот на починатите во понеделникот претставува најголем дневен показател на смртни исходи во вториот бран, но е многу помал во споредба со речиси 900 починати на дневно ниво во екот на првиот бран кој крајот на март.

Големиот пораст на заразија во понеделникот делумно може да се објасни со собирање на случаите кои се пријавени денеска а потекнуваат од претјодните тридневни празници во Шпанија.

Францускате здравствени власти, пак во понеделникот потврдија рекордни 52.518 нови слуачи на заразата, што е за околу шест илјади повеќе отколку во претходното деноноќие. Претходниот рекорден показател на дневно ниво беше забележан на 25-ти октомври кога беа потврдени 52.010 коронаинфекции во 24 часа. Вкупниот број потврдени случаи на заразата од февруари досега изнесува 1.466.433 зарази.

Податоците покажуваат дека новото „затворање“ на Франција, кое на сила стапи во петокот, допрва требна да ги даде резултатите. Илјада лица се хоспитализирани во понеделникот, или во моментов има вкупно 25.143 пациенти, што е највисоката бројка во последните четири месеци.

Во последното деноноќие починале уште 416 лица, откако претходната седмица просекот на смртни случаи на дневно ниво изнесуваше 345 лица. Севкупно од првото потврдување на коронавирусна инфекција во Франција до денеска на Covid-19 припишани се 37.435 смртни случаи.