Шпанија, Ирска и Франција и натаму со рекордни и загрижувачки бројки во пандемијата

Шпанија во вторникот забележа многу висока инциденца на заразени со коронавирусот, Ирска има највисок број починати од почетокот на пандемијата, а во Франција бројките и натаму се загрижувачки.

Шпанија во вторникот пријави рекордни 714 случаи на заразата на 100.000 жители, а во претходниот седумдневен пресок таа стапка изнесуваше 689, покажуваат податоците на министерството за здравство додека земјата се наоѓа во третиот барн на коронавирусот.

Минситерството извести за 34.291 нови случај на заразата, што е пад од рекордните 40.000 од минатиот петок. Вкупно од почетокот на епидемијата во Шпанија забележани се 2.370.742 случаи на коронаинфекции.

Во вторникот бројот на починатите се зголемил за 404, на вкупно 54.173 смртни исходи, покажуваат официјалните податоци. Иако дбевниот број на починатите во последниот период е во пораст, и натаму е помал од 900 починати на дневно ниво, колку што ги имаше на крајот од март и почетокот на април 2020 година.

 

Рекорд во Ирска

Ирска во вторникот потврди рекордни 93 смртни исходи предизвикани од компликациите од Covid-19. Претходниот рекорд изнесуваше 77 починати, а забележан беше во текот на првиот бран минатата година.

Рекордниот број починати доаѓе по брзиот раст на бројот на заразените во првите дест дена од 2021 година, откако властите ги ублажија рестриктивните мерки за божикните и новогодишните празници.

Во вторникот, пак, бројот на заразените значително падна, на 2.000 нови коронаинфекции, со што петдневен просек се намалил на 2.758, од 5.596 колку изнесуваше ист ден минатата седмица.

 

Загрижувачки во Франција

Франција во вторникот пријави 23.608 нови случаи на заразара, додека минатиот вторник пријави 19.752. Министерот за здравство Оливие Веран претходно изјави дека коронавирусот и натаму циркулира со „загрижувачка“ брзина, но не препорача трето целосно „затворање“ на земјата.

Франција бележи и раст на бројот на пациентите на одделите за интензивна нега, а во вторникот во билнички услови починале 656 лица. Со тоа вкупниот број починати од почетокот на епидемијата во земјата се зголемил на 71.342 луѓе.

Векупниот број азаразени во Франција се приближува на бројката од три милиона, што ја става на шестото место во светот според овој показател, додека според бројот на починатите е на седмото место.