Шпанија набавила неисправни тестови за коронавирусот

Шпанската влада имала намера со брзо тестирање да ги добие податоците за вистинските димензии на заразата со коронавируот во земјата, но купените или донирани тестови не функционираат добро, пишуваат во четвртокот електронските изданија на најтиражните дневни весници El País и El Mundo, повикувајќи се извори од здравствените служби.

Повеќе микробиолошки лаборатории во големите болници во Шпанија ја анализирале купената опрема.

„Не ги детектираат случаите позитивни на коронавирус како што се очекуваше“, изјавило лице кои учествувало во тестирањето, пишува El País за тестовите кои ги нарачало шпанското министерство за здравство.

Брзите тестови, според истиот извор, биле порачани од кинеската компанија „Bioeasy“, чие седиште е во градот Шензебн, еден од технолошките центри во Кина. Но тестовите кои биле испробувани во четвртокот имале само 30-процентна чувствутелност на коронавирусот, додека таа би требало да биде над 80 отсто, рекол соговорникот на весникот.

„Со таквиот ефект нема смисла да се прават обиди да се детектира коронавирусот, односно да се користат овие тестови“, додал барајќи анонимност.

Веднаш по објавувањето на написите во El Pais и во El Mundo, се огласи кинеската амбасада во Мадрид, истакнувајќи дека не станува збор за нарачените тестови од кинеската компанија „Bioeasya“.

„Донациите од кинеската влада и другите субјекти како ‘Alibaba Group’ не вклучуват производи доставени од ‘Shenzen Bioeasy Biotechnology’. Купувањето на нивните производи, а коешто го најави шпанското министерство за здравство, е во тек а тие производи сѐ уште не излегле од Кина“, соопшти кинеската амбасада преку Twitter.

„Кинеското министерство за трговија ѝ понуди на Шпанија список со класифицирани добавувачи, во кој тогаш не беше вклучена ‘Shenzen Bioeasy’. ‘Shenzen Bioeasy’ сѐ уште не ја добил службената лиценца од кинеската национална администрација за медицински производи, неопходна за продажба на своите производи“, се додава во соопштението.

Шпанското министерство за здравство во недела најави распределување на 640.000 тестови за брзо откривање на короанвирусот, а првите 9.000 тестови се дистибуирани во покраината на главниот град Мадрид, кој е најпогодениот регион во Шпанија.

„Не чинат. Ни дадоа 9.000 тестови без проверка, благодарејќи на претпазливоста на бирото за здравство на регионот Мадрид, не беа масовно дистрибуирани“, рекол неименуван извор за весникот El Mundo.

Проблемот се случува во моментите кога шпанските здравствени работници се соочуваат со недостигот од заштитна опрема поради што 5.600 од нив се заразиле. Тие требаше да имаат предноста при корстењето на споменатите тестови.

Опозицијата ја критикуваше левата коалициска влада поради тестовите и побара објаснување. Генералниот секретар на конзервативната Народна партија, Теодоро Гарсија Егеа, преку социјалните мрежи го запраша премиерот од владејачката социјалистичка партија, Педро Санчез.

„Господин Санчез, ова, исто така, не можевте да го знаете? Кого ќе обвините за ова?“, напиша на Twitter Гарсија алудирајќи на претходно одговори на премиерот.

Министерството за здравство во соопштене објави дека неисправните тестови ги купило од еден шпански дистрибутер, и оти не станува збор за производот најавен од Кина во средата. Купувањето на овие тествои било извршено пред кинеската влада да ја достави „новата листа на добавувачи“.

„Пред неколку седмици отпочнавме контакти со повеќе компании за да набавивме тествои за дијагностицирање“, соопшти министерството додавајќои дека шпанскиот дистрибутер имал сертификат кој гарантира дека производот може да се продава во целата Европска унија. Меѓутоа, не се наведува името на компанијата.

Во Шпанија во четвртокот имаше 56.188 заболени од коронавирусот. Починале 4.809 лица, со што Шпанија ја надмина Кина според бројот на смртните исходи. Повеќе мртви има само во Италија – 7.503 луѓе.