Шпанија нема да ја ограничи потрошувачката на гас како што бара ЕУ

Шпанската влада нема да им нареди на потрошувачите да ја ограничат потрошувачката на гас, рече министерката за енергетика Тереза Рибера откако Шпанија порача дека ќе се спротивстави на предлогот на Европската Унија за намалување на потрошувачката на гас.
„Нема да ја воведеме во закон обврската за поставување температура на домашните термостати“, рече таа во интервју за локалната радио станица Кадена СЕР, но сепак би се препорачало луѓето да штедат енергија. Таа додаде дека Владата ќе ја заштити и потрошувачката на гас во индустријата.

Министерката во средата рече дека нејзината влада ќе се спротивстави на предлогот на ЕУ, бидејќи земјата не е зависна од рускиот гас откако во минатото инвестираше во инфраструктура за складирање и кондензација на гас.

ЕК предложи доброволна цел за сите земји на ЕУ за намалена потрошувачката на гас за 15 отсто од август до март, во споредба со нивната просечна потрошувачка во истиот период во периодот 2016-2021 година.

Некои земји, како Австрија, Германија и Данска рекоа дека размислуваат за вонредни планови, кои на крај би вклучиле и штедење на гасот.

Инаку, планот на ЕУ наиде на отпор од други земји-членки, вклучувајќи ги Полска и Унгарија.