Шпанија нема да го признае Косово, не го послуша Груби

„Ставот на Шпанија за територијата Косово и понатаму е ист и не се менува, Шпанија не ја признава независноста на Косово и тоа е државна политика“, изјави денеска шпанскиот амбасадор во Белград Раул Бартоломе.

-Шпанија нема да го промени својот став по прашањето за Косово, само
затоа што некоја земја го бара тоа од нас“, порача Бартоломе.

Шпанскиот амбасадор ја коментираше и неодамнешната изјава на македонскиот прв вицепремиер Артан Груби, дека Македонија ќе бара од Шпанија да го признае Косово, велејќи дека нема таква информација. Бартоломе вели дека нема сознанија дека некој од Европската Унија има акции насочени кон тоа Шпанија да ја промени својата позиција и да го признае Косово како држава.

Груби од Косово на прашање дали при посетата на Шпанија на 18 март, министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе побара Шпанија да го признае Косово, одговори потврдно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.