Шпанија остана без политички центар, гласачите одат десно и лево

52

Претседателот на партијата од центарот на шпанскиот политички спектар Граѓани (Ciudadanos), Алберт Ривера, поднесе оставка во понеделникот од функцијата, откако во неделата доживеа тежок пораз на повторените парламентарни избори во Шпанија, кои покажаа дека шпанскиот електорат се сегментира в десно и в лево, со извонредно ослабен центар.

Партијата Граѓани, којашто до неделата беше третата политичка сила во земјата, доживеа вистински бродолом, откако од 52 пратеници колку што освои во април, по само малку повеќе од половина година спадна на само 10 мандати во парламентот со 350 места.

„Уште синоќа реков дека ќе ја преземам одговорноста за овој резултат. На некои им изгледа неправедно, а на некои праведно, меѓутоа, поради одговорноста морам да поднесам оставка“, изјави 39-годишниот Ривера на прес-конференцијата на којашто не беа дозволени прашања.

Партијата Граѓани излезе на изборите со мотото „Шпанија во движење“, кое потсетува на движењето на неолибералите на францускиот претседател Емануел Макрон – Републиката во движење, порачувајќи дека Шпанија ќе ја извлече од политичката блокада во која се наоѓа подолг период. Со тоа испрати порака дека е подготвена да преговара и со десницита и левицата, за конечно да може да се формира влада.

А Шпанците мораа повторно да излезат на гласачките места, бидејќи пред седум месеци Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE) освои најмногу гласови, но недовлоно самостојно да формира влада. Пота не успеа да договори коалициска влада со умерената левица Заедно можеме (Unidas Podemos), ниту доби поддршка за составување малцинска влада.

ИЗборите во неделата покажаа дека на политичката сцена во Шпанија во моментов нема простор за центарот, како што тоа беше случајот во изминатите децении. Гласачите сѐ повеќе се одлучуваат да се приклонат кон двата краја на политичката права, кон десно и кон лево. Очигледно, не им се допадна тоа што партијата Граѓани беше подготвена да коалицира и со левите и со десните.

 

Центристите го доживеаја историскиот удар, десницата во подем

Втората, покрај социјалистите, голема етаблирана партија во Шпанија, конзервативната Народна партија (Partido Popular – PP), како и десниот Глас (Vox) драстично ги зголемија пратеничките места, делумно и поради тензиите во Каталонија и случајот со преместувањето на посмртните останки на диктаторот Франциско Франко од заедничката алеја Долината на паднатите на малку познати гробишта крај Мадрид. Од друга страна, се чини дека гласачите само блако ги казнија владејачкиот лев центар PSOE и сродниот лев блок Unidas Podemos, кои летово влегоа во кавга околу поделбата на минситерските места во идната влада, што и доведе до повторување на изборите.

„Не можеме да ги делиме Шпанците на црвени и сини. Треба да си ги пружат рацете“, порачуваше Ривера, кој пред влегувањето во политиката работел како адвокат на финансиска институција во Барселона. Во 2006 година ја основаше граѓанската платформа Граѓани во Каталонија, како противтежа на поборниците на независноста на покраината, но и како замена за двете традиционални партии PSOE и PP, кои од воведувањето на демократијата во Шпанија во 1980-те години се изменуваа на власт. Граѓани, предводени од млади лидери, тогаш се здобија со бројни симпатизери и од Каталонија излегоа и на национално ниво. Во 2014 година влегоа и во Европскиот парламент, а потоа и во 2015-та првпат во шпанскиот парламент.

Граѓани во декември 2017 година победија на регионалните избори во Каталонија, но не добија просто мнозинство. Потоа коалицираа со три партии за независност собирајќи 72 од 135 места во парламентот во Барселона, и формираа влада. Граѓани последните седмица беа најжестоката опозиција на каталонскиот претседател Квим Тора, кој најанви нов референдум за независност и кој не ги признава затворските пресуди за осудените каталонски фунцкионери поради организирање на референдумот од 1-ви октомври 2017-та кој го забрани шпанскиот Уставен суд.

Во април годинава Граѓани станаа третата најбројна партија во шпанскиот парламент. Меѓутоа, по неделниот дебакл, најтешкиот удар откако се формирани, нивнатга иднина е неизвесна. Ривера своевремно беше избран за лидер на формација на којашто не ѝ беа давани големи шанси и иднина. Потоа ликуваше дека на Шпанија ѝ ја дал либералната опција – дека државата има политички центар, а сега сигурно ќе мора да замине, но нејасен е дали и целосно ќе се повлече од политиката. Нејасно е и кој ќе го замени, но најголеми шанси има 38-годишната Инес Аримада, која покрај Ривера беше најпрепознатливиот лик на партијата. Позната е по жестоките настапи во Каталонија во кои ја заговара унитарноста на Шпанија.

 

Повторно тешко до составување влада

Шпанците во неделата повторно гласа на ворите парламентарни избори оваа година, а трети во помалку од една година. Сепак, се чини дека земјата може и натаму да остане во политичка блокада, имајќи предвид дека ниедна партија не доби доволно гласови за формирање влада, и левиот и десниот блок добија речиси идентичен број мандати – левите 158 и десните 152 мандати, но недоволни за составување влада, за што се неопходни 176 гласови.

Двопартизмот на социјалистите и конервативците кој доминираше последните четири децении, во 2015 година го нарушија три нови партии фомирани на огорчувањето на граѓаните од високата невработеност и корупцијата. И оттогаш партиите не успеваат да постигнат коалиција, ниту да договорат стабилна влада. Појавата на левата Заедно можеме, центристичката Граѓани и десната Глас, беше проследена со раст на нивната популарност на незадоволството на гласачите од двете традиционални партии.

Во април Vox, формирана 2013 година како израз на противење на доселувањеот, првпат влезе во шпанскиот парламент со 24 пратеници, а сега и го удвои бројот на пратениците – освои 52 мандата, со што стана третата партија по моќта во Шпанија. Нејзин лидер е 43-годишниот Сантијаго Абаскал, поранешен член на Народната партија, роден во северната сепаратистичка покаина Баскиај каде до 2011 година тамошната сепаратистичка вооружена групација ЕТА настојуваше да издејствува засебна држава Баскија.

Под негово водство Вокс првпат во историјата влезе во парламентот и стана третата политичка сила во земјата со над 46 милиони жители. Пред изборите најави воведување вонредни мерки во Каталонија, ставање надвор од законот на каталонските партии кои се залагаат за неацвисност, а исто така најави и борба против илегалната имиргрција вклучително и градење ѕидови околу шпанските енкалви Сеута и Мелила во северна Африка. Најави, исто така, и заштита на традиционалните вредности и жителите кои живеат во руралните подрачја кои масовно ги напуштаат младите.

 

Формирање на владата

Иако изборите ги добија социјалистите, можно е конзервативците предводени од 38-годишниот адвокат и економист Пабло Касадо кој Народната партија ја води една година, да добие шанска да преговара за формирање малцинска влада, доколку направи компромиси со центристие и екстремната десница. Покрај тоа, може да играат голема улога и гласовите на пратениците од Каталонија кои ја поддржуваат независноста на покраината, кои беа одлучувачки, како што се случи во случај при гласањето за недоверна на конзервативната влада на Маријано Рахој.

Касадо ги брани семејните вредности, монархијата и Католичката црква, а се противи на абортусот и евтаназијата. Во април под неговото водство Народната партија освои 66 пратеници, а во неделата освои 88 места, што може да му ја даде шансата да формира влада, доколку тоа не му успее на Пабло Санчез кој конечно располага со 120 мандати.

Сепак, за многумина, најверојатно е сценариото во коешто партиите од левиот и од десниот блок нема да можат да постигнат договор меѓу себе, што Шпанија повторно ја води во политички ќорсокак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.