Шпанија повлече свои војници од Ирак

Десет шпански војници кои биле стационирани во ирачката престолнина Багдад во рамките на операциите на НАТО ја напуштиле земјата и се префрлени во Кувајт по ексалацијата на судирот меѓу САД и Иран, соопшти во средата поптретседателката на шпанската влада.

„Остана само тројца од тринаесетте војнции“, рече вицепремиерката Кармен Калво.

Со овој потег Шпанија им се приклучи ма земјите како Германија, Слвоенија и Словачка, кои исто така, одлучија да ги евакуираат своите војници.

„Шпанската војска, како и секогаш, ќе настојува да ја смири водата, заземајќи ја европската позиција. Ние таму сме скромна страна, но важна“, додаде Калво.

Шпанија во Ирак има уште 550 војници, во база југоисточно од Багдад, каде што ситуацијата е мирна.

НАТО во вторникот извести дека привремено ќе размести дел од своите сили во Ирак, во внатрешноста на земјата или надвор од неа, за да го заштити својот персонал.