Шпанија пријави само еден починат од коронавирусот

Во последните 24 часа во Шпанија забележан е само еден смртен случај предизвикан од инфекција со корона вирусот, соопшти Министерството за здравство на оваа земја.
Во последните седум дена пријавени се вкупно 39 смртни случаи, со што бројот нарасна на 27.118.
Од почетокот на пандемијата заразени се 236.769 луѓе, наведува агенцијата „Ројтерс“.
Меѓутоа, Националниот центар за епидемија, предупреди дека податоците може да варираат затоа што се воведува нова метода за пријавување на заразени и смртни случаи.
Во Шпанија денеска почна и десетдневна жалост и точно на пладне со минута молчење им беше оддадена чест на жртвите од корона вирусот.