Шпанија продолжува со извлекувањето на подморницата која носи неколку тони кокаин

51

Шпанската полиција соопшти дека повторно ќе се обиде да ја извлече подморницата за која се верува дека носи неколку тони кокаин и да ја довлечкаат во пристаништето Алдан.

Активностите за извлекување на подморницата почнаа во лоши временски услови и мораше да бидат прекинати.

Подморницата потона додека полицијата се обидуваше да ја пресретне кај брегот на северозападна Галиција.

Доколку се утврди дека навистина има кокаин, тоа ќе биде првпат подморница да се користи за транспорт на дрога во Шпанија, изјави официјален претставник на шпанската провинција Понтеведра.

Двајца членови на екипажот од Еквадор беа уапсени, додека третиот успеа да избега.

Како што пренесуваат странските агенции, Шпанија веќе некое време го следи движењето на подморницата во соработка со други држави, но властите соопштија дека не можат официјално да потврдат што пренесувалата подморницата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.