Шпанија со брутална статистика на мечот со Коста Рика

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја совлада Костарика со резултат 7-0, а статистиката од овој натпревар ретко кого ќе остави рамнодушен.

Имено, покрај тоа што постигнаа седум гола, а не примија ниту еден, Шпанците не им дозволија на Костариканците ниту еден удар кон својот гол. Не само во рамката на голот, туку ниеден удар.

Покрај тоа, Костарика немаше ниту еден корнер на натпреварот. Статистиката за поседот е само застрашувачка. Во првото полувреме Шпанија ја поседуваше топката дури 85% од времето. Натпреварот го завршија со 82% посед.

Шпанците седумнаесет пати стрелаа кон голот на Кејлор Навас, од кои седум пати во рамката кон голот. И сите седум завршија во мрежата. Овој натпревар беше една од најтешките вечери во кариерата на Кејлор Навас.

Шпанија го оствари вториот најубедлив триумф во историјата на Светските првенства.