Шпанија со санкции за празните станови ќе ја решава станбената криза

Шпанската влада најави дека планира сериозно да се фати во костец со станбената криза, усвојувајќи го во вторникот предлог-законот кој предвидува награди за издавачите на становите кои ќе ги намалат станарините и поголеми даноци за оние кои имаат повеќе празни станови.

Владата на Социјалистичката партија (PSOE) со месеци беше во расправии со помалиот коалициски партнер Заедно можеме (Unidas Podemos) околу предлог-законот, а во септември ги надминаа спорот со усвојувањето на државниот буџет за следната година.

Владата така во вторникот го усвои предлог-законот кој предвидува даночни поттикнувања за оние кои ги изнајмуваат становите кои се подготвени да ги намалта цените на станаруните минимално за 5 отто во регионите каде што има големо побарување на станови. Телата на регионалната управа ќе можат да прогласат „голема побарувачка“ доколку просечно домаќинство троши повеќе од 30 отсто од нето примањата за наем или за хипотеката и сметките, односно доколку цените на недвижнините пораснат за повеќе од 5 отсо.

Владата предлага зголемување на стапката на повратот на данокот од 60 на 70 отсто за изнајмувачите коишто првпат ги ставаат своите недвижнини на пазарот и го изнајмуваат на лица на возраст до 18 до 35 години. За поголем поврат на данокот би биле квалификувани оние кои ќе ги стават своите недвижнини на располагање на државата во програмата за субвенционирање на социјалните станови. Стапката за повратот би останала непроменета за станодавачите кои во последните две години ги преуредиле или подобриле своите недвижнини, а би била намалена на 50 отсто за сите други.

На крајот, за да се реши проблемот со празните станбени простори, луѓето кои поседуваат повеќе од четири станбени недвижнини би морале да плаќаат повеќе даноцие, доколку еден или повеќе од нивните домови останат празни две години, освен доколку на нив не се извршуваат работи за реновирање.

Целта на овој предлог-закон е и да го реши проблемот со недостиг од ценовно достапен станбен простор, дефинирајќи ги „големите станодавачи“ како субјекти со 10 или повеќе недвижнините, како и со резервирање на 30 отсто од новоградбите за социјалното домување и најава за фискалните пооттикнувања за инвеститорите во оваа програма.

Социјалните станови, според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (OECD), сочинуваат помалку од 2 отсто од станбениот фонд во Шпанија, значително помалку отколку во Велика Британи, Франција и Италија, каде што нивниот удел изнесува 17, 14 односно 4 отсто.