Шпанија тесно ја доби првата коалициска лева влада

Шпанскиот премиер Педро Санчез ја доби во вторникот поддршката на парламентот за формирање на левата коалициска влада, со што Шпанија ја доби првата каолициска влада на национално ниво по четири децении од воведувањето на демократијата откако во 1978 година заврши диктарурата на Франциско Франко.

Шпанската социјалистичка владејачка партија (PSOE) со тесно мнозинство, дури во вториот круг од гласањето доби зелено светло, иако се чинеше дека Педро Санчез лесно ќе дојде до доврба за неговиот кабинет. Имено по неуспехот во првиот круг пред два дена, кога му беа потребни 176 пратеници во 350-члениот парламент, во вториот круг му беше потребно просто мнозинство од присутните пратеници, без разлика колку пратеници гласале.

За коалицијата на левиот центар на PSOE и помалата лева коалиција Заедно можеме (Unidas Podemos) гласаа 167 пратеници, а 165 беа против, додека 18 се возрдржаа. Коалицијата ја поддржаа левите партии, против беше десницата, а воздржани беа двете регионални партии кои заговараат независност на Каталонија и Баскија.

PSOE победи на изборите во април, но не доби доволно гласови за самостојно формирање влада. Откако не ја доби поддршката од другите партии во ноември беа одржани новите вонредни избори, На нив социјалистите повтроно остварија сличен резултата и со Заедно можеме успеаја да соберат вкупно 155 пратеници.

Оваа малцинска коалиција сега ќе зависи од регионалните партии, кои пасивно ѝ дадоа поддршка, и тешко ќе може да усвојува закони. Санчез кој на власт дојде во јуни 2018 година кога парламенот ѝ изгласа недоверба на владата на конзервативниот премиер Маријано Рахој од Народната партија (PP), веќе имаше непријатно искуство со каталонските регионални партии. Тие му ја откажаа поддршката бидејќи не го поддржа нивното барање за референдум за независност на Каталонија, па Санчез во парламентот не доби доволно гласови за усвојување на буџетот. Потоа беше принуден да распише избори во април 2019 година.

Последните 40 години, откако во 1978 година во Шпанија беше донесен демократски устав, на власта се сменуваа левиот ценатар PSOE и десниот центар PP. Меѓутоа, поради економската граза, високата стапка на невработеност и корупцијата, во 2015 година на политичката сцена се појавија три нови партии кои го подјадоа традиционалниот двопартизам. Од тогаш ниту PSOE ниту PP на изборите не може да добијат доволна поддршка за самостојно составување влада.

Шпанија на национално ниво нема искуство со составување коалициска валда, па последните осум месеци беа водени тешки преговори меѓу левицата, кои пропаднаа и доведеоа до меѓусебни кавги, и кои резултираа со договор дури откако стана јасно дека Шпанците по април и ноември би можеле да излезат и на третите избори за помалку од една година поради неможноста да се состави влада.

Левите партии се решија и покрај разликите да се договорат и поради чувствителнот јакнење на десницата, што дојде до израз на ноемвриските избори, кога антиемигратнската партија Глас (Vox) стана третата политичка сила во земјата со 46,5 милиони жители.

Социјалистите на Санчез направија отстапки за некои минисерски места за Unidas Podemos, лева партија настаната преку уличните протести и огорчувањето на граѓаните од острите мерки на штедење. Санчез одби да им го даде управувањето со економијата и финансиите. Unidas Podemos досега учествуваше единствено во влади на локално ниво. Следните денови би требало да биде позната распределбата на министерствата. Двете партии претходно најавија згоелмување на данокот за компаниите, поттикнување на политиките за родова еднаквост, борбата против климатските промени и прифаќањето на имигрантие кои бегаат од сиромаштијата и војните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.