Шпанија во канџите на Ковид-19, бележи рекорден број на заразени

29

Шпанија, која неделава стана прва земја во Западна Европа во која бројот на заразени надмина еден милион, вчера повторно бележи рекорден број на нови случаи – 20.986.

Според министерот за здравство Салвадор Илја, епидемијата сега е „надвор од контрола” во многу области на Шпанија. Властите анализираа дали, како и Франција и други европски земји, да воведе полициски час, но таа одлука беше одложена.

Вкупно 1.026.281 лице се заразени во Шпанија. Повеќе од 34.000 луѓе починаа како резултат на инфекцијата со вирусот, а уште 155 смртни случаи поврзани со Ковид-19 се регистрирани од последните извештаи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.