Шпанија: Економската криза зафати 45 отсто од жителите

Од заводот наведуваат дека економската криза во Шпанија започна во 2008 година, а отпуштањето на работниците, намалувањето на платите и другите мерки за штедење во земјата и понатаму негативно влијаат на егзистенцијата на луѓето кои немаат доволно средства  за основните животни потреби.

Нерешени егзистенцијални прашања имаат 44,9 отсто од граѓаните на возраст од 65 години, додека таа стапка за оние над таа граница е 36 отсто. Исто така, се наведува дека економската криза најмногу влијаеше на економските проблеми за луѓето со инвалидитет, од кои дури две третини ги немаат решено основните егзистенцијални прашања.