Шпанија убаво се испоти, Англија спаси жива глава

Актуелниот светски и европски шампион, репрезентацијата на Шпанија убаво се намачи на последниот пријателски натпревар, но на крајот, сосема заслужено забележа сигурен триумф од 2:0 во дуел против селекцијата на Ел Салвадор.
Првиот погодок на натпреварот, постигнат во 60 минута беше дело на новопечениот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста, а во самиот финиш, во листата на стрелци се запиша и резервниот напаѓач, Давид Вилја.

На стартот од натпреварот, удар од белата точка промаши фудбалерот на Барселона, Сеск Фабрегас.
Без победник и без погодоци заврши пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Англија и Хондурас, но овој дуел најмногу ќе биде запаметен по непотребно грубата игра на репрезентативците на Хондурас.
Минимална понеда од 1:0 и тоа со погодок во 89 минута, дело на крилниот напаѓач на Наполи, Дриес Мертенс, забележа репрезентацијата на Белгија во пријателскиот дуел против селекцијата на Тунис.