Шпанија: Во пожар кај Барселона настрадаа четири деца

Четири деца на возраст меѓу три и 12 години го изгубија животот во пожар кој изби во градот Ел Вендрел, јужно од Барселона, на североистокот на Шпанија, соопштија локалните пожарникарски служби.

Во соопштението се наведува дека синоќа во пожар на највисокиот кат на четирикатна зграда во Ел Вендрел се повредени уште петмина луѓе.

Шпанската телевизија ТВЕ наведува дека четирите починати деца и повредените се членови на исто семејство.

Истражувањето за причината за избувнувањето на пожарот се уште трае, наведува полицијата.