Шпанија: Запленети 200 килограми кокаин сокриени во ананас

Полицијата во Шпанија запленила околу 200 килограми кокаин од Латинска Америка, кој бил сокриен во ананаси.

Плодовите исполнети со кокаинот биле откриени во контејнери кои пристигнале од Алгесирас-југоисточна Шпанија.

Полицијата уапсила три лица и не ја исклучила можноста за нови апсења.

Шпанија поради своите врски со поранешните латинскоамерикански колонии е погодна за влез на кокаин од Америка во Европа.