Шпанската антимонополска комисија покрена постапка против Букинг

Националната комисија за пазари и конкуренција на Шпанија покрена антимонополска постапка против дитигиталната платформа Букинг.ком за резервирање сместување.

Комисијата има рок од 18 месеци за спроведување истрага и донесување конечна одлука по прашањето за можнби антиконкурентски пракси на оваа платформа, кои влијаат на хотелите и онлајн туристичките агенции.

Комисијата отвори формална антимонополска постапка против Booking.com поради можни антиконкурентски пракси забранети со членовите 2 и 3 од шпанскиот Закон за конкуренција и членот 102 од Договорот за фунцкинирање на ЕУ, соопшти шпанската комисија.

Постапката се спроведува затоа што постои сомнеж на злоупотреба на доминантната позиција во нудење посреднички усуги на хотелите.

Конкретно, овие практики може да вклучуваат наметнување на нефер услови за тргување на хотелите лоцирани во Шпанија и комерцијални политики кои може да имаат исклучувачки ефект врз другите онлајн туристички агенции, како и другите канали за онлајн продажба. Од друга страна, можните практики кои можат да доведе до злоупотреба на економската зависност на хотелите во Шпанија“, се наведува меѓу другото во одлуката на комисијата.
Истрагата, како што се истакнува, произлегува од две жалби кои до комисијата ги поднеле Шпанското здружение на хотелски менаџери и Регионалното здружение на хотелите на Мадрид.

„По прегледот на примените жалби и информацијата собрани во рамки на прелиминарната истрага, Дирекцијата за конкуренција смета дека постојат причини кои ја поддржуваат можноста Booking.com да ги прекршила споменатите членови од законот“, се истакнува во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.