Шпанската полиција заплени 240 килограми кокаин

Двесте и четириесет килограми кокаин запленети од страна на шпанската полиција. При акцијата биле уапсени шест членовина колумбиски наркокартел.

Истрагата била покрената во април откако полицијата дознала дека еден државјанин на Шпанија со повремен престој во Колумбија шверцува кокаин во Европа.

По дојавата дека шефот на картелот, неговата сопруга и четворица членови на наркобандата допатувале од Колумбија во Шпанија, полицијата извршила рација на три локации во Мадрид и ги уапсила сите осомничени.